Обвинителството склучи спогодба за затворска казна со лице обвинето за криумчарење мигранти

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција склучи спогодба за затворска казна, во траење од 5 години и 6 месеци, со лице обвинето за криумчарење мигранти.

Како што информира Обвинителството на 14 април годинава на автопатот Гевгелија – Скопје на крстосницата за Велес и Штип, обвинетиот – возач на камион е запрен од полицијата при што било откриено дека превезува 150 мигранти во две камионски прилколки.

Исплашените мигранти, како што се додава во соопштението, се разбегале по околните ниви, при што 15 мигранти од кои две малолетни лица и едно бебе биле фатени и префрлени во Прифатниот центар во Скопје.

При истрагата е утврдено дека за патот низ Република Македонија мигрантите плаќале 1.000 евра од лице, од кои, како награда за извршената услуга возачот требало да земе по 50 евра од превезено лице.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по прибирање и предочување на сите докази на осомничениот, склучи спогодба со едно лице обвинето за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, при што е договорена затворска казна во траење од 5 години и 6 месеци.

Судијата од Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја прифати спогодбата и донесе пресуда со која на обвинетиот му е определена казна – затвор во траење од 5 години и 6 месеци и му е одземен камионот со кој ги превезувал мигрантите.

Би можело да ве интересира

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава