ЦИВИЛ: Оставка на Владата и слобода за политичките затвореници

Од:

„Кризата во Република Македонија нема да се реши со оставки, односно замена на министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Граѓанките и граѓаните добро знаат дека проблемот е целата Влада.

Бараме Груевски и целата гарнитура на власт да дадат оставки и да поднесат одговорност за сите наводи за кривични дела и лошо владеење“, велат од ЦИВИЛ.

„Второ барање на ЦИВИЛ е итно ослободување на сите политички затвореници во Македонија, почнувајќи од притворените студенти од протестите кои започнаа на 5 мај. Условите во македонските затвори се далеку под човечкото достоинство и спротивни на меѓународните стандарди и конвенции на кои е обврзана земјата.

Ова не е барање за покажување добра волја, туку барање да се сопре со апсење на политичките неистомисленици, спротивно на Уставот и законите“, се вели во писменото соопштение на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски