Во Јемен стапи во сила петдневно хуманитарно примирје

Од:

Петдневен прекин на огнот синоќа стапи во сила во Јемен, со цел да биде доставена хуманитарна помош за населението, истакна портпарол на меѓународната коалиција, предводена од Саудиска Арабија, која се бори против бунтовниците Хуси.

– Огнот е прекинат синоќа во 23 часот по локално време, изјави портпаролот, генерал Ахмед Асири.

Прекинот на огнот стапува во сила по седум недели воздушни напади и крвави судири.

Генералот Асири ги предупреди Хусите дека коалицијата ќе ги обнови воздушните напади доколку тие не го почитуваат прекинот на огнот.

Веднаш по 23 часот оружјето замолкна во Аден и други големи градови, но бунтовниците се прераспоредија во реонот на Сана и Далех.

Во Јемен, каде живее 25-милионско население, има недостиг на храна, вода, лекови и електрична енергија поради нападите на коалицијата од воздух, вода и копно. Според податоците на ОН, во конфликтот од 19 март досега загинале над 1.400 лица, од кои повеќето цивили.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида