Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победата над Карпош Соколи го обезбедија првото место во Супер лигата, а со тоа и најдобрата позиција во плеј-офот, односно разигрувањето за шампионскиот трофеј.
МЗТ Скопје попладнево во дуел од 9.коло на Супер лигата како гостин во СЦ Борис Трајковски го победи составот на Карпош Соколи со 100:80.
Во вториот меч од ова коло одигран во Гевгелија, екипата на Кожув со 72:68 беше подобра од Фени Индустри.
Натпреварот, Куманово – Работнички со кој требаше утре да се комплетира ова коло, е презакажан за во среда (19 мај) поради безбедносната ситуација во Куманово, а по барање на МВР.
Во сабота, ќе се одиграат средбите од последното 10.коло.
Потсетување дека, пласман во полуфиналето веќе обезбедија: МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Куманово и Фени Индустри.
Табела: МЗТ Скопје А. 44 бодови, Работнички 41, Фени Индустри 39, Куманово 39, Кожув 37 и Карпош Соколи 37.