Во северниот дел на Канада неодамна е завршена изградбата на една планинска вила со необичен модерен изглед, дело на проектанската агенција „Паткоу Архитектс“.
Куќата е со неконвенционален изглед, кој е резултат на намерата за задоволување на два аспекти – градежните стандарди и обезебедување услови за лесно отсратбување на снегот од покривот.
Во изградбата на влиата се користени бетон, челик и дрво, што обезбедува отпорност на објектот и некомпромисна естетстка издржливост.
Ентерирот во вилата е минималистички со цел вниманието да се насочи кон прекрасното опкружување.
Призмејето е замислено како голем отворен простор во кој се сместени дневната соба, трпезаријата, кујната и голема тераса, додека на катот се наоѓаат спалните соби.
Авторите на вилата при нејзината изградба сакале таа да претставува објелт што ќе биде синоним за вистинска планиска идила.