Министерот за надворешни работи на Косово и поранешен премиер, Хашим Тачи изјави дека неговата влада е во постојан контакт со македонската во превземањето на соодветни мерки околу безбедноста на границата меѓу Косово и Македонија.
– Длабоко сум загрижен поради насилството што избувна во Македонија во текот на викендот. Косово ја гледа Македонија како сојузник и партнер. Сакам да ставам до знаење дека овие сили кои работат на нестабилност во Македонија се најголеми непријатели на стабилноста на целиот Балкан, вклучително и Косово – рече Тачи.