Дневник: МПЦ и СПЦ ќе почнат да преговараат на почетокот на јуни

Од:

Преговорите меѓу Македонската и Српската православна црква, најверојатно, ќе почнат на почетокот на јуни, објавува денеска Дневник.

Ова, според весникот, би можело да се очекува откако Светиот архиерејски собор на СПЦ на заседанието, кое е закажано за 14 мај, ќе даде виза за обновувањето на преговорите во кои како посредник треба да се јави Руската православна црква.

– Обновувањето на прекинатите контакти меѓу двете цркви е овозможено по ослободувањето на Јован Вранишкоски од затвор, а што беше ултимативен услов на српската црква. Познато е, Вранишкоски е пуштен на условен отпуст по посетата на Македонија на влијателниот руски митрополит Иларион Алфеев, кој е на чело на одделот за надворешни работи на РПЦ, пишува „Дневник“.

Според веникот, во изминативе денови била интензивирана комуникацијата меѓу Руската и Македонската православна црква за обновувањето на контактите со српскиот црковен врв.

– Такви контакти имаме, но во нив се уште не се разгледуваат деталите за евентуалните преговори. Позициите на двете цркви се добро познати и ќе биде полесно да се организира првата средба, изјавиле во МПЦ.

Во СПЦ, пак, се уште не се откриваат темите за кои ќе треба да се расправа на претстојниот собор.

Извесно е дека српските владици првин ќе треба да се изјаснат за разрешувањето на владиците Филарет и Георгиј за кои одлуките веќе ги донел нивниот Синод. Сепак, доколку СПЦ сака да остане на својот став и условувањето на почетокот на преговорите со ослободувањето на Вранишкоски, тогаш ќе треба и да донесе таква одлука. Во спротивно, ќе ризикува да го разниша авторитетот на рускиот митрополит Иларион Алфеев, кој пред македонските власти во тоа име лобираше за ослободувањето на Вранишкоски од затвор. Во македонските црковни кругови не очекуваат дека последната одлука на Врховниот суд, со која неговиот судски предмет врзан за кривичното дело перење пари е вратен на почеток, може да ги отежне преговорите. Ова, пишува „Дневник“, од причина што тој останува на слобода и не се бара тој да се врати во затвор, туку само се повторува целиот предмет.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите