(ВИДЕО) Спасовски: Започнува голем натпартиски граѓански протест на 17-ти мај

Од:

На 17-ти мај, недела, во 14:00 часот, во главниот град на Македонија, започнува голем натпартиски граѓански протест против насилното, сурово, криминално владеење на Никола Груевски, рече Оливер Спасовски.

Ги повикуваме граѓаните, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, ги повикуваме сите кои и мислат добро на Македонија да се приклучат на големиот протест, додаде тој.

Заедно, обединети, здружени, да испратиме порака до Никола Груевски, човекот кој ја уништи сегашноста и ја загрозува иднината на нашата татковина, дека мора да си замине.

Заедно да излеземе на голем мирен протест против мрачните сценарија и обиди за дестабилизација на Македонија. Обединети против насилството и криминалот на нелегитимната власт на Никола Груевски и неговите соработници. Здружени за враќање на европските вредности и мирот во Македонија.

Готово е Груевски. Македонија крена глава. Во недела, во Скопје, почнува враќањето на слободата и демократијата, заврши Спасовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“