Македонија ратификуваше два нови договори за социјално осигурување и социјална сигурност кои се однесуваат на граѓаните во Македонија и Унгарија и Словачката Република.
Заменик-министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска образложи дека дел од договорите се потпишани во ноември 2014 година и оти со нив Македонија ја продолжува праксата за проширување на соработката на билатерално ниво со повеќе држави.
Вакви договори, како што рече, се склучени со 24 земји, меѓу кои Словенија, Турција, Данска, Германија, Чешка, Романија, земјите од регионот, Луксембург, Канада, Австралија…, и оти се во фаза на разгледување и склучување вакви договори и со други држави.
Таа појасни дека договорите се однесуваат на работниците, а не на државјаните на Македонија, Унгарија и Словачката Република и опфаќа пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и заштита и други социјални осигурувања.
И со двата договора е предвидено да се одбегне плаќање двојно осигурување.
Поддршка добија двата договора од пратениците, оценувајќи ги како позитивни.
Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Договорот се однесува на работници кои во Македонија или Унгарија навршиле период на осигурувње за остварување самостојна пензија.
Според неа, со новиот договор се овозможува право на остварување пензија во зависност од условите што ги исполнува лицето.
Сашо Василевски го оцени предложениот закон за ратификатија на Договорт како позитивен и посочи дека ова е една од низата ратификации кои Македонија има особен интерес да се случуваат со цел да се подобруваат билатералните односи.
Момчило Аврамовски го оцени Договорт со Словачката Република како добар предлог кој е во интерес на работниците кои работат во оваа земја. – Позитивно е, вели тој, што и работниците и работодавачите нема да плаќаат двојно осигурување.