СДСМ: Посетата на Заев на Куманово го излуде Никола Груевски

Од:

Достоинствената посета на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Куманово, како што доликува на еден сериозен политичар, го излуде Никола Груевски.

Додека Груевски мора да крие од граѓаните, зашто нема објаснување за неговите незрели и дилетантски политики, претседателот Зоран Заев застана меѓу своите сограѓани споделувајќи сочувство, поддршка, информации на коишто овие луѓе имаат право.

Граѓаните на Куманово ја препознаа искреноста и одговорноста на претседателот на СДСМ и затоа со таква енергија и благодарност реагираат на неговата вчерашна посета.
Граѓаните токму во Груевски, Мијалков и Јанкулоска гледаат виновници за тоа што се случи во Куманово.

Егоистичниот популист Груевски кој нема ни храброст, ни лице, да се појави пред кумановчани, според реакциите на неговите полтронски медиуми Сител и Курир, не може да се помири со укажаната почит кон претседателот на СДСМ.

Ова е невиден срам за еден претставник на извршната власт, па уште премиер, кој реагира завидливо, како мало дете, додека на совест има бројни прашања што висат отворени:

Како се случило, со месеци, тој и неговата власт да знаат за терористичката група и наместо да ги заштитат граѓаните, ги ставија полицијата и цивилното население во оган?
Што правело разузнавањето додека се внесувало оружјето со голем калибар, коешто по чудни патишта завршило во густо населено место, среде град?

Зошто за акцијата во Куманово не знаел Ѓорѓе Иванов?…

Ниту едно ветување на Груевски нема да ги врати загубените животи на младите полицајци, изгорените семејства и огништа, страотниот детски плач.

Мора да си одиш Груевски! Ќе си одиш во име на стабилна и безбедна Република Македонија!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира дека речиси ништо не е спроведено

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски: Со одбивањето на амандманите, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

А1он

Филипче: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани