Јеменската Влада го одобри влегувањето на над 30 бродови со хуманитарна помош во пристаништата во земјата, изјави денеска јеменскиот министер за човекови права Изалдин ал Асбахи.
Станува збор за над 30 бродови со хуманитарен товар и нафтени производи, додаде тој.
Саудиска Арабија, која ја предводи коалиција, што ја води воената операција против бунтовниците Хути, предложи вечерва да влезе во сила петдневен режим за прекин на огнот за да биде олеснето доставувањето на хуманитарната помош за населението.
Шиитските бунтовници го поддржаа примирјето.
Авиони на коалицијата бомбардираа синоќа и рано изутринава склад за оружје на Хутите, во близина на Сана. Најмалку пет лица загинаа, а 20 беа ранети уште во првите експлозии.