Најмалку четири лица загинаа во новиот силен земјотрес од 7,4 степени според Рихтеровата скала што денеска го потресе Непал, јави Танјуг.
Непал прво беше погоден од земјотрес со 7,4 степени, но набрзо ова подрачје го потресе уште еден земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти американскиот Геофизички институт.
Жариштето на потресот било на длабочина од 19 километри, а епицентарот на 68 километри западно од градот Намче Базар, во близина на највисокиот врв на планетата-Монт Еверест, пренесоа британските медиуми.
Сеизмичките тресења на тлото ги натераа жителите на Катманду во панично истрчување на улиците, а брановите биле почувствувани дури до индиската престолнина Њу Делхи.
Во катастрофалниот земјотрес од 25 април загинаа над 8.000 лица и беа разурнати стотици илјади домови.
Непал се уште не може да се соземе од преживениот шок и огромните разурнувања.