Тајфунот „Ноул“ денеска го погоди јужниот дел на Јапонија, откако вчера мина крај североисточното крајбрежје на Филипините каде загинаа две лица.
Поројните дождови и бурните ветрови ги зафатија јужните јапонски острови Амами, на околу 1.800 километри југозападно од Токио, објави јапонската метеоролошка служба.
Тајфунот се движи кон големиот јужен остров Кјушу и централниот остров Хоншу.
На Филипините тајфунот зеде две човечки жртви, а околу 3.500 лица беа евакуирани.