Македонскиот тенисер Томислав Јотовски направи скок за осум места на АТП листата и се наоѓа на 558 место со 55 поени. Пласманот во четвртфиналето на фјучрсот во Шведска му донесе два нови поена и по неколку неделниот пад Јотовски повторно го подобри пласманот.
Тој со 66 поени е најдобар од македонските играчи и во конкуренција на двојки – 698 место, каде има напредок од 28 позиции.
Димитар Грабул со 36 поени се наоѓа на 672 место, додека другите тројца македонски тенисери имаат по 4 поени и се рангирани: Шендрит Деари – 1.413 место, Бесир Дургути – 1.416 место и Стефан Мицов – 1.419 место.
Во женска конкуренција Лина Ѓорческа се ноаѓа на 402 место на ВТА листата, додека Магдалена Стоилковска е рангирана на 1.212 место. Во двојки Ѓорческа е на 351 место или три позиции од нејзиниот најдобар пласман 348 место.