Филипини: Двајца загинати и над 3.500 евакуирани поради тајфунот „Ноул“

Од:

Најмалку две лица загинаа, а над 3.500 жители се евакуирани откако силен тајфун го зафати североисточниот дел на Филипините.

Тајфунот „Ноул“ ослабна откако во неделата го погоди крајбрежниот град Санта Ана во провинцијата Кагајан. Филипинските власти објавија предупредување и совет за евакуација на луѓето од крајбрежните и планински села.

Центарот на тајфунот изутринава се наоѓа на 65 километри североисточно од Баска, главниот град на најсеверната провинција Батанес. Ветерот достигнува брзина од 160 километри на час, со удари на некои места од 195 километри на час, изјави метеорологот Адскар Аурелио.

Според Аурелио се очекува тајфунот „Ноул“ дополнително да ослабне поради силниот ветер и да ги напушти Филипините во вторник наутро.

Две лица загинаа од удар од струја во градот Апари, во провинцијата Кагајан, а евакуирани се околу 3.500 лица во провинциите Кагајан и Исабела, изјави регионалниот директор на цивилната одбрана Норма Талосиг.

Во областите зафатени од тајфунот во прекин е сообраќајот на траекти, поради што речиси 5.000 лица се блокирани.

Филипините секоја година се соочуваат со околу 20 бури и тајфуни. Најсилниот тајфун во историјата на земјата е „Хаијан“, што во ноември 2013 година го погоди централниот дел на земјата загрозувајќи над 7.300 лица. 

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски