Мареј победник на Мастерсот во Мадрид

Од:

Енди Мареј успеа да триумфира на Мастерсот во Мадрид откако синоќа во финалето го победи четирикратниот победник на овој турнир Рафаел Надал.

Со овој триумф Мареј ја продолжи серијата од девет победи по ред на земјена подлога оваа сезона и по триумфот на турнирот во Минхен (претходната недела) победи и во Мадрид.

Тој воедно го намали меѓусебниот скор во дуелите со Надал и сега Шпанецот има предност од 15-6.

Во финалето Мареј беше поуспешен со 6:3 и 6:2 во сетови и ја освои 33-та титула во кариерата.

Воедно тој се зацврсти на третата позиција на АТП листата зад Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер, додека Надал падна за три позиции и сега е на 7. место откако не успеа да ги одбрани поените освоени со ланскиот триумф во Мадрид.

Скок на АТП листата на врвот направија Милош Раониќ и Томаш Бердих, кој се пробија на 4. и на 5. место.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров