Војската на Србија го покрена нивото на борбена готовоста и е подготвена заедно со останатите безбедносни структури да го зачува нејзиниот територијален суверенитет и интегритет, порача синоќа српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ, во текот на обиколката на базата „Цворе“, на границата со Македонија.
„Подготвени сме заедно со останатите безбедносни структури на Република Србија да одговориме на сите предизвици што можат да го загрозат територијалниот суверенитет и интегритет на земјата и нејзините граѓани“, рече министерот во изјавата за Танјуг.
Базата „Цворе“, најистурениот пункт меѓу Прешево и границата со Македонија,Гашиќ ја посети заедно со директорот на ВБА, Петар Цветковиќ, командантот на копнената војска, генералот Милосав Симовиќ, директорот на БИА, Александар Ѓорѓевиќ, заменик командантот на Жандармеријата, Илиќ и началникот на Полициската управа Врање, Слаѓан Велиновиќ.
Гашиќ потоа ја посети и граничната полиција на преминот Пешево.