Марокански авион-ловец „Ф-16“, што учествувал во воздушната операција на „арапската коалиција“ во Јемен, предводена од Саудиска Арабија, вчера исчезнал над територијата на оваа земја, информираа британските медиуми, повикувајќи се на коминике на мароканските кралски военовоздухопловни сили.
„Арапската коалиција“, поддржана од САД, од 26 март изведува воздушни напади против шиитските бунтовници Хуси и армиските единици верни на поранешниот претседател Али Абдула Салех, со цел на власт да ја вратат Владата на актуелниот претседател Абд Рабу Мансур Хади.
„Еден од ловците „Ф-16“ на Кралската воена авијација, што и се ставени на располагање на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија заради обновата на легитимитетот во Јемен, вчера околу 18 часот исчезна“, се посочува во коминикето, лиферувано од мароканската агенција МАП.
Пилотот на вториот ловец од истата ескадрила не можел да види дали пилотот на првиот авион успеал да се катапултира.
Мароканските воени власти почнаа истрага, се додава во коминикето.