Будуќност ја освои женската ракометна Лига на шампионки

Од:

Црногорската екипа Будуќност од Подгорица, е освојувач на женската ракометна Лига на шампионки за сезоната 2004/2015.

На завршницата, односно „Фајнал фор’’ турнирот од елитното натпреварување, што се одржа во Будимпешта, ракометарките на Будуќност во финалето ја победија норвешката екипа Ларвик со 26:22.

Катерина Булатовиќ со 7 гола го предводеше Будуќност до вториот шампионски трофеј Европски првак.

На, тимот на Ларвик, кој до овој меч имаше максимален учинок на победи, не и помогнаа ниту десетте голови Нора Молк.

Во мечот за третото место, македонскиот шампион ЖРК Вардар ја победи руската екипа Динамо Синара (Волгоград) со 28:26, со што вардарки го повторија резултатот од минатата година.

Вардаровата ракометарка Андреа Пенезиќ и Романката, Кристина Неагу од Будуќност, која во финалето постигна 3 голови, се двете најефикасни ракометарки сега веќе во завршената сезона на Лигата на шампионките.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ