Кога ќе пронајдеме вонземјани?

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Потрагата на Крис Мекеј по вонземски живот започнала во 1976 година, кога Викинг 1 и 2 слетале на Марс. Се разбира, слетувањето на Марс за првпар било голем настан, но тогашниот бруцош бил посебно возбуден заради тоа што леталото пронашло нешто што излегло дека се знаци за постоење на Марсовци.

Вселенското летало открило дека нешто во правта – најверојатно микроби – земале хранливи состојки и произведувале гасови, како што е јаглерод диоксид. Но кога инструментите не успеале да пронајдат било какви органски молекули кои се основата за било кој организам, нучниците заклучиле: не, никакви вонземјани не живеат во правта.

Сепак до денес научниците како Мекеј сеуште се справуваат со податоците од Викинг, кои никогаш конечно не го потврдиле постоењето на живот на Марс, но сепак предизвикуваат. За Мекеј, кој сега е планетарен научник во Амес истражувачкиот центар на Наса, овие резултати биле почеток на кариера во астробиологијата, и покрај предупредувањата од други биолози во тоа време. Тој вели: „Не само што ми кажуваа да не се зафаќам со ова, туку и ме исмеваа затоа што се интересирам“. Четири децении подоцна, тој ужива во некои оправданости за неговата одлука. Додека вселенските капсули роботи продолжуваат да го истражуваат сончевиот систем, да посетуваат планети, месеци, астероиди, тие пронаоѓаат водена средина онаму каде микробиолошки живот може да опстане. Вонземскиот живот низ сончевнот систем – и не само на Марс – е реална можност.

Надвор од сончевиот систем, астрономите пронајдоа илјадници светови – и тие проценуваат дека само нашата галаксија може да биде исполнета со стотици милијарди планети. Многу од нив можеби се слични на Земјата, со окани и атмосфера; и да, со живот.

Во следните децении, нови вслеенски капсули и телескопи ќе бараат знаци на живот во сончевиот систем и надвор од него. „Имаме пристојни шанси да пронајдеме планети слични на Земјата и докази за живот, некаде до 2030 година“, вели Џим Кастинг, планетарен научник на Државниот универзитет Пен во САД.

И за првпат во човековата историја, научниците имаат план и средства за да одговорат на прашањето „дали сме сами“. „Самиот факт што науката може самата да се аплицира во прашањето наместо тоа да биде чисто филозофско, е многу возбудливо“, вели Џејсон Рајт астроном исто на Универзитетот Пен. „Можеби ќе мине долго време додека можеме ова да го направиме, но прашањето е толку предизвикливо“.

Галактички освојувачи

Без сомнение, највозбудливиот вид на вонземски живот е од интелигентен вид: И Ти или оној кој е опишан во книгата „Контакт“ на Карл Саган. И покрај митовите за Роузвел или Областа 51, ваквите блиски средби допрва треба да се случат. Но научниците и двете нешта ги бараат веќе со децении, обидувајќи се да слушнат радио сигнали од далечни цивилизации. Денес, на пример, Институтот Сети слуша преку телескопската мрежа за вонземјани во Калфорнија. Неодамна Рајт предводеше потрага по супер напредна цивилизација која ја колонизирала целата галаксија. Во 60-ите години од минатиот век, физичарот Фримен Дајсон навести дека вонземјаните можат да ја напојуваат својата цивилизација користејќи ја енергијата од ѕвездата на нивната планета. Користењето на таа енергија – за да ги напојува компјутерите, вселенските бродови или сето она што може да им теба на вонземјаните – ќе создаде топина, онака како што се загрева вашиот лаптоп. Ако таквата цивилизација ја освои галаксијата, тогаш ќе го препознаете тоа од галаксиите кои зрачат повеќе отколку што би се очекувало.

По анализирањето на снимките од 100 илјади галаксии кои се направени од сателитот Вајс, тимот на Рајт не пронашол ништо. Но тоа се однесува на екстремни случаи на супернапредни вонземјани, освојувачи на галаксии. Можеби вонземјаните остануваат локално. Тој вели дека за да го откриеме тоа, следниот чекор треба да биде студија на галаксиите во деталн за да се види дали некои региони во рамките на секоја галаксија создаваат екстра топлина. „Тоа може да биде многу невобичаено“, вели тој. „Не знам како би можеле да користиме природно објаснување за тоа“.

Сепак, потрагата по интелигентен живот останува во игра. По се, животот процветал на Земјата пред околу 3,5 милијарди години, а интелигентниот живот (ако ги сметаме луѓето за интелигентни) постои околу 200 илјади години. Во поголемиот дел од историјата на Земјата, животот го сочинувале примитивни микроорганизми. Ако било каде пронајдеме живот, тоа најверојатно ќе биде микробиолошки. Дел од тоа можеби ќе најдеме и во дворото во нашата галаксија.

Вонземјани соседи

Едно интригантско место каде да се бара живот е Титан, најголемиот сателит на Сатурн. Има густа атмосфера и е единственото место во сочневиот систем кое е покриено со мориња и езера – само што се исполнети со течен метан, а не со вода. Научниците сметаат дека течноста е важна за животот, но фактот што тоа е метан значи дека било какви суштества на Титан се можеби се фундаментално различни од Земјаните.

Тоа не го прави животот неможен, само помалку веројатен. Живото на Титан исто ќе молра да преживее на смрзнувачки температури од -180 степени целзиусови.

За животот онаков каков што го познаваме, најважната состојка сеуште е течната вода. А вселенските бродови откриваат дека сончевиот систем е навистина влажен. Во март годинава, набљудувањата преку вселенскиот телескоп Хабл навестија дека океан ѕирка под површината на најголемиот месец на Јупитер, Ганимед. Токму во овој момент, вселенскиот брод Доун орбитира околу Церес, планета џуџе во астериодиниот појас кој е 40 проценти вода според својот волумен, вклучувајќи и можебн подповршински океан.

Меѓу најветувачките живеалишта за постоење на живот се Марс, саутрновиот месец Енцеладус, и јупитеровот месец Јуропа. На Марс, најдобри шанси за живот можеби имало во минатото, кога планетата била топла и полна со реки и езера. Денес Марс е замрзнат и најверојатно недомаќински настроен кон било каков живот.

Сепак, микробите можеби можат да преживеат и под површината. „Би рекол дека има 50-50 шанси дека во моментов има животот на Марс“, вели Кастинг. Но ако воопшпто го има, вели тој, тој е најверојатно закопан длабоко до еден километар под површната, каде температурите се доволно топли за водата да остане тречна. Но да се тигне до таму за да се најдат докази, можеби ќе треба астронауите да копаат на Марс.

Исто и откривањето на живот на Јуропа можеби ќе бара дупчење. Дебелиот слој мраз, длабок можеби и неколку километри, навестува можен населлив океан. Научниците со години сакаат да одат на Јуропа, а наскотро можеби и ќе ја добијат таквата шанса. Бараниот буџет од Белата куќа за 2016 година вклучува и 30 милиони долари за таква мисија. Но слетувањето и дупчењето е тешко и скапо, па ако мисијата и дојде до некои средства, најверотајно ќе го набљудува тој свет од вселената.

Токму зато Мекеј смета дека Енцеладус – каде исто најверојатно има подповршински океан – е понадежна шанса. „Додека луѓето сфаќаат колку е потешка Јуропа и колку е непристапен океанот таму, тие природно ќе бидат привлечени од Енцеладус“, вели Мекеј кој бил дел од тимот кој неодамна предложил во Наса мисија за Енцеладус.

Ледениот месец станал привлечна дестинација во 2009 година, кога леталото Касиус открило остатоци од вода кои прскале стотици километри во вселената. Овие водоскоци кои прскаат дирекно од океанот под површината можат да содржат веродостојни знаци за живот. „Летате низ водоскоците од Енцеладус“, вели Мекеј. „Тоа ви овозможува најдобра шанса за детектирање на живот“. Не е потребно дупчење.

Молекули на живот

Таквото летало, ловец на вонземјани, треба да бара два вида молекули: липиди и аминокиселини. Липидите вклучуваат маснотии и масла, и се важни за структурата и функционирањето на ќелиите. Аминокиселините се основата на протеините.

Работата е што аминокиселините можат да се најдат во две верзии кои се спротивни една на друга, слично како левата и десната рака. Од 20 аминокиселини кои го сочинуваат животот на Земјата, 19 се на левата страна. Се смета дека аминокиселниите кои можеби се исто по потекло биолошки можат воглавно да ја имаат истата страна. Откривањето на такви молекули со сигурно ќе навестат живот. „Тоа е огромен предизвик“, вели Кеј.

Но тој приознава и дека сепак ова е фантастично сценарио. Микробите можеби нема толку лесно да се откријат или можеби и воопшто и ќе ги нема. За вселенски мисии потребни се пари и време, па ако едно летало не пронајде било што, ќе треба да чекате со години за следна шанса.

Можеби шансите се подобри надвор од нашиот сончев систем, помеѓу милијардите други планети во галаксијата. Додека со мисиите во сончевиот систем можете да посетите само едно место, вселенски телескоп може да мине низ десетици па дури и стотици потенцијални населени светови. Наместо липиди и аминокиселини, такви телескопи ќе бараат други молекули: кислород и други гасови кои ќе покажат постоење на живи, вонземјани кои дишат.

Душкање по И Ти

На основа на ветувачките успеси на вселенскот телескоп Кеплер, кој откри илјадници планети, Наса во 2017 година ќе го лансира својот Истражувачки сателит за транзитирачки егзопланети (места на кои постои живот), или Тесс. Како и Кеплер, и Тесс ќе бара планети кои минуваат пред нивните ѕвезди и кои предизвикуваат благи вдлабнатини во сончевата светлина. Но за разлика од Кеплер, Тесс ќе таргетира планети поблиски до Земјата и оттука полесни за проучување и детектирање на живот.

Она што ги возбудува трагачите по вонземјани е што Тесс ќе бара цели за телескопот Џејмс Веб, кој по лансирањето во 2018 година ќе ги истражува тие планети по атмосферски гасови кои индицираат на живот. Планот е ова: додека планетата минува пред нејзината ѕвезда, дел од ѕвездената светлина ќе навлезе во атмосферата на планетата и ќе се појави како тенка надворешна обвивка, како диск околу планетата. Во зависност од хемискиот состав, атмосферата ќе апсорбира извесни бранови должини од светлината. Со мерењето чии бранови дожини од светлината навлегле, астрономите ќе идентификуваат гасови во атмосферата.

Астрономите веќе ги истражувале планетарните атмосфери со Хабл, што значи дека нивните методи се ветувачки. Но со помоќниот ЏВСТ, тие ќе можат да ги анализираат атмосферите во повеќе детали. Еден од гасовите за кои тие се надеваат да го пронајдат е кислородот, кој не опстојува долго пред да стапи во реакција со други компоненти. Па за да се одржува многу кислород во атнмосферата, на секоја планета ќе и треба нешто за да го задржи – нешто како живот. На Земјата, растенијата и бактериите ја вршат таа функција.

Во споредба со Марс, па дури и со Енцеладус, ова е најверодостојниот начин за научниците да пронајдат живот. „Ако денес се опкладувам, ќе се опкладам на кислородот на некоја егзопланета“, вели Мекеј.

Но кислоророт е само еден гас. Животот на Земјата, на пример, прозведува илјадници гасови (помислете на сите мириси кои луѓето, животните и растенијата ги создаваат). Само неколку од нив се доволно постојани за да бидат забележани од вселената, но сепак астрономите размислуваат кои од нив би бил реалистични индикатори за живот. Некои предлози досега го вклучуваат метанот и диметил сулфидот, кои планктните го создаваат на Земјата.

Се разбира, прнаоѓањето на живот не може едноставно да биде предмет само преку откривање на гасови. Неживите нешта – како што се термалните вентилации и вулканите – можат да исфрлат голем дел од тие компоненти. За да се определи дали некој гас има биолошко потекло, астрономите ќе треба да ги проучат хемискиот состав и специфичните карактеристики на планетата.

Па дури и тогаш, во недостиг на пораки од И ти, астрономите можеби нема да можат да дадат претпоставки за вонземси живот. „Нема да бидеме сигурни дека таму има живот, но ќе можеме да минеме низ сите можни сценарија и да ја процениме веројатноста“, вели Сара Сигер, астроном на Мит.

Друго прашање е што никој не знае како вистински изгледа вонземсмиот живот, па предложените биопотписи досега се засновуваат на оние кои постојат на Земјата. „Не сакате да пребарувате премногу цели, па ќе треба да барате само нешта слични на оние како на Земјата“, вели Рајт. „Но исто не можете ниту да бидете толку воопштен и да немате идеја што барате“.

За да се оди понатаму од животот кои постои на Земјата, Сигер сака да ги проучи сите гасови кои можат да бидат стабилни и оддржливи во атмосферата, без разлика дали нештн на земјата нив ги произведува. За да се види дали постојат видливи биопотписи, ќе мора да се работи од наопаку, да се сврти инженерството на биолошките процеси кои можат да го создадат тие гасови.

Шансата е сега

Ако Џвст треба да открие живот, ќе треба да има и среќа. Телескопот беше смислен многу години пред асронмите да знаат дека галаксијата има милијарди планети, па не е замислен за претражување на планети или за потрага по вонземјани,.

Тесс ќе треба да пронајде илјадници плодни почви, но само некои од нив ќе бидат добри цели за Џвст. Адекватна планета може да биде и премала во споредба со нејзината ѕвезда. Во спротивно, блесокот од таква светла ѕвезда ќе ја замати сликата и нема да можете да видите суптилен сигнал од атмосферата на планетата. Според Сигер, набљудувањето на планета која е до нејзината ѕвезда е како да разликувате бубачка ноќна светилка од местото кое дава светлина одалеченост 1,500 километри.

– Нема да биде лесно, вели таа. „Ќе имаме само неколку планети за истражување за било какви знаци на живот“.

Тесс и Џвст исто се ограничени, затоа што тие можат да истражуваат планети кои минуваат пред нивните ѕвезди, за што е потребно соврешно позиционирање. Ако Џвст не пронајде ништо, астрономите ќе треба да чекаат специјално дизајниран телескоп кои нема да се занимава на транзиици.

Таков телескоп директно ќе ја набљудува планетата, но за тоа да функционира, нешто ќе треба да ја блокира свелината од ѕвездата зад планетата. Една идеја е наречена Старшејд, на која работи и Сигер, а тоа е вселенски брод кој се отвара како чадор за да ја блокира ѕвездената светлина и да му овозможи на друг телескоп да гледа директно во планетата.

Телескопот ќе може да набљудува планета со големина на Земјата која орбитира околу ѕвезда слична на сонцето, нешто што Тесс не може да го работи заради светлината од ѕвезда како сонцето кој ќе ја покрие планетата. Со повеќе потенцијални за живот планети – и вклучвајќи вистински планети слични на Земјата – шансите за да се детектира живот се зголемуваат. „За телескопот за директно гледање, би рекло дека шансиоте се прилично добри“, вели Кастинг.

Ако нешто треба да теши, тогаш добар број и разновидни планети е причината за оптимизам во потрагата по вонземски живот. „Знаеме дека атмосферата постои, проучувавме многу од нив, па можноста сега за откривање на живот прват и постои“, вели Сигер. „Глупаво е да не прифати ваквата шанса“.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ