Почна Седницата на Советот за безбедност

Од:

Почна седницата на Советот за безбедност, во проширен состав, што претседателот на државата Ѓорге Иванов ја свика по терористичкиот напад во Куманово.

На седницата, покрај претседателот Иванов, присуствуваат претседателот на републичкото Собрание Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за надворешни работи, Зоран Јолевски, Гордана Јанкулоска и Никола Попоски, како и членовите на СБ Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.

Од Кабинетот на Претседателот информираат дека Иванов, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повикал и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети и на ДПА, Мендух Тачи. Заев е присутен на седницата. На местото на Ахмети од ДУИ присуствува Талат Џафери, а Имер Алиу место Тачи од ДПА.

Најавено е по состанокот претседателот Иванов да се обрати до граѓаните на Република Македонија.

Операцијата за разбивање на терористичката група во кумановската „Дива Населба“ е завршена. Групата која беше стационирана во неколку објекти и претставуваше закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија е целосно неутрализирана и елиминирана, соопшти МВР. Во акцијата загинаа осуммина полицајци, а37 се повредени.

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Ана Ололовска

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

Професор Ѓуровски: Потребни се промени на нефункционалниот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување

Ана Ололовска

Регионална школа „Новата безбедноста агенда одговор на современите ризици и закани“

Ана Ололовска