Судирите во Македонија може да се прелеат и во Србија

Од:

Судирите коишто во саботата избувнаа во текот на полициската операција за неутрализација на поголема група вооружени лица во кумановската Дива населба, може да се прелеат и во делови од западен Балкан, вклучително и во Србија, оценува српски воен аналитичар, додека функционерите во Белград порачуваат дека нема знаци за можно ширење на судирите од Македонија во јужна Србија.

Воениот аналитичар Александар Радиќ укажува дека „атмосфера на конфликтите од Македонија може да се создаде во делови од западен Балкан, вклучително и во Србија“. Оценува дека проблемот е во тоа што не е сигурно дали Србија е доволно силна да се справи со такво предизвик, особено во областите во коишто би можеле да се „реактивираат веќе постојните кризи“, како областа Рашка или Санџак, како и југот од Србија, каде што во три општини живее мнозинско албанско население. Радиќ сугерира дека тоа се „простори коишто безбедносните структури (на Србија) мора да внимателно да ги набљудуваат“.

Претходно во саботата беше објавено дека оклопни возила на Противтерористичката единица на Србија се упатиле кон границата со Македонија. Единицата за специјални намени тргнаа кон границата со Македонија поради зголемениот ризик од тероризам. На српската страна од границата веќе се наоѓаат засилени единици на војската и полицијата. Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ престојуваше во базата на Жандармеријата во Врање. Државната РТС објави дека и околу 450 припадници на Жандармеријата се распоредени во копнената зона на безбедност, покрај административната линија со Косово.

Радиќ за агенцијата Бета оценува дека актуелната српска власт, подрастично отколку претходните, прибегнува само кон „дневно-политичка употреба или злоупотреба на безбедносниот систем“, додавајќи дека „недостига знаење и способност да се сфати со што тој систем може да се соочи“. „Тоа претставува најголем проблем. Не толку затоа што некој друг може да стори против безбедноста на Србија, туку дали сме доволно силни нашиот систем да одолее на евентуален предизвик“, оценува Радиќ.

Според неговите оцени, од албанска страна постои очигледен притисок да се остварат националните цели, што претставува ситуација којашто покрај малку непретпазливи потези може да доведе до сериозни безбедносни последици, бидејќи сите конфликти наследени од минатото на Балканот „само се турнати под тепихот“.

Во саботата, претседателот на државното координациско тело за општините Пешево, Бујановац и Медвеѓа, Зоран Станковиќ, порача дека ситуацијата во овие општини, мнозински населени со Албанци е „стабилна и нема никакви знаци за можно проширување на судирите од Македонија“. Станковиќ за агенцијата Танјуг изјави дека на подрачјата на споменатите општини „се спроведуваат вообичаените и редовни“ активности, и дека нема никакви причини за страв, бидејќи кризата во Македонија „трае нешто подолго“ и оти било познато сé во врска со тој проблем.

Белградскиот аналитичар Душан Јањиќ од Форумот за етнички односи за Блиц оценува дека судирите во Македонија уше може да се решат во рамките на политичките решение и затоа според него е многу важно како ќе реагираат македонските власти, но и меѓународната заедница.

Јањиќ вели дека меѓуетничките судири се дополнителен притисок и на регионот и на меѓународната заедница да го реши проблемот за визна либерализација на Косово, а кога станува збор за вооружени Албанци, оценува дека веројатно станува збор за влијание од Косово или од Албанската национална армија (АНА).

Во следните денови, вели Јањиќ, решливите проблеми може да бидат вратени во институции, но може да излезат од контрола. Јањиќ затоа претпоставува дека македонската влада ќе мора да попушти а опозицијата да се враните во парламентот и да се договорат за избори на коишто ќе се канализира незадоволството.

„Доколку тоа не се случи, очекувам натамошна ескалација на меѓумакедонските судири, зајакнување на притисокот на опозицијата, а тогаш албанските политичари, коишто засега стојат настрана, ќе мора да се определат“, вели Јањиќ. Потсетува дека американските и европските дипломати

Потсетува дека американските и другите европски дипломати во Скопје веќе испратија пораки дека опозицијата треба да се врати во парламентот, а владата да се согласи на предвремени избори.

„Треба да се сочекаат следните потези коишто ќе ги повлечат владата на Мекедонија и меѓународната заедница“, вели Јаниќ.

Јањиќ оценува дека меѓуетничките судири дополнителен притисок врз регионот и на меѓународната заедница да го реши прашањето на проблемот на визната либерализација на Косово, а дека може да бидат и значајни за деблокира Бриселскиот договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, чијашто примена на теренот е во криза.

Тој наведува и дека оперативната команда на Албанската национална армија е најчесто на Косово и дека се активира секогаш кога треба да се изврши притисок врз меѓународната заедница нешто да им одобри на Албанците, во прв ред на Косово. Сега, вели Јањиќ, во прашање е визната либерализација и отстранување на одговорноста на косовските власти и на Албанците во врска со кризата со Бриселскиот договор.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија