Портпаролот на дел од јеменската армија, која е во сојузништво со борците хуси изјави денеска дека Јемен го прифаќа петдневниот хуманитарен прекин на огнот, предложен од Саудиска Арабија.
– Објавуваме дека го прифаќаме хуманитарниот прекин на огнот кој ќе почне во вторник, изјави полковник Шараф Лукман во соопштение објавено од јеменската агенција Саба.
Лукман предупреди дека армијата ќе одговори ако Ал Каеда или нејзините сојузници го прекршат прекинот на огнот.
Хусите тврдат дека се борат против Ал Каеда и корупцијата и се залагаат за политички дијалог под покровителство на ОН за решавање на конфликтот во Јемен.
Поддржаните од Иран шиитски бунтовници во Јемен се согласија да го почитуваат петдневниот хуманитарен прекин на огнот, предложен од Саудиска Арабија, предупредувајќи дека веднаш ќе возвратат на евентуален прекин на огнот.
Саудиска Арабија во петокот предложи прекин на ногнот во Јемен со почеток во вторник, ако хусите го прифатат тоа. Ријад ја предводи коалицијата на сунитски арапски држави која започна во март со воздушни напади на позиции на бунтовници хуси.
Примирјето се очекува да стапи во сила во вторник во 23:00 часот по локално време и ќе овозможи достава на меѓунардона хуманитарна помош во земјата.