Дел од маратонците пријавени на скопскиот маратон утринава се појавија на стартот и покрај тоа што тој е откажан. Тие симболично ќе трчаат, а се собраа на кејот на Вардар и си организираа свој маратон.
Скопскиот маратон е откажан поради вчерашните случувања во Куманово. Организаторите на маратонот велат дека информацијата за откажувањето ја добиле од медиумите, без да бидат инфромирани од ко-организаторот Град Скопје, Агенцијата за Млади и спорт, и Министерството за внатрешни работи.
Од МВР потврдија дека маратонот е откажан поради загинатите во полицајци во Куманово, но за повеќе детали маратонот упатија кон Град Скопје.
Извор: Мета