Вонредна седница на бирото за координација на безбедносните служби на Србија

Од:

Поради состојбата во Mакедонија за денеска српскиот премиер Aлександар Вучиќ закажа вонредна седница на Bирото за координација на безбедносните служби на Србија.

Во текот на вчерашниот ден во пограничниот појас со македонија, поради инцидентите во земјата, упатени се дополнителни полициски сили.

Српската влада внимателно ја следи ситуацијата во Македонија. Премиерот Вучиќ синоќа изјави дека неколку српски семејства и 397 Албанци избегале во Србија и наскоро се очекува нивно враќање во Македонија.

Голем број Албанци во колона од автомобили и 12 автобуси, сите со кумановски регистарски таблички, вчера попладнето ја преминале границата кон Србија на преминот Прешево.

Поради бројот на граѓани кои се движат од Куманово за Србија, градоначалникот на Прешево, Фахми мустафа, закажал вонредна седница на штабовите за вонредни ситуации.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград