Вучиќ: Србија ја следи ситуацијата во Македонија

Од:

Владата на Србија со големо внимание ја следи ситуацијата на северот од Македонија, а граѓаните на Србија можат да бидат спокојни бидејќи засега нема причина за грижа и Србија ќе умее да ја заштити својата територија и да го одбрани мирот и стабилноста, изјави во саботата навечер премиерот Александар Вучиќ по повод судирите на македонската полиција и вооружена група во Куманово.

„Нашите граници се под целосна контрола на силите на Република Србија. Нема да дозволиме никакво загрозување на безбедносните сили на Србија“, изјави Вучиќ за медиумите пред почетокот на централната манифестација на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот во белградскиот „Сава центар“.

Вучиќ изјави дека во Куманово живеат околу пет илјади Срби, како и дека неколку српски семејства и околу 400 Албанци побегнале во саботата на територија на Србија.

Српскиот премиер рече дека има информации за планови во саботата навечер да се организираа собири во југоисточно Косово и порача дека „во ваквата ситуација на секој обид за провокација на територијата на Србија државата решително ќе реагира“.

„Сакам да ги замолам сите да не ја злоупотребуваат желбата на Србија да ги сочува мирот и стабилноста и да не помислуваат дека може да го загрозуваат нашиот идентитет и суверенитет, бидејќи одговорот на Србија, ќе биде врз, решителен, силен и ефикасен, многу поефикасен отколку на некои други“, изјави Вучиќ и им порача на Албанците од Прешево и Бујановац, општини на југот од Србија каде се мнозинство дека „Србија е нивна татковина“ и дека ги третира како свои граѓани „еднакви како и сите други“.

Министерството за внатрешни работи испрати дополнителни полициски сили на македонското-српската раница, како и уште 450припадници на жандармеријата кои се распоредени во Копнената зона на безбедност (КЗБ) меѓу Србија и Косово.

Српската влада по повод судирот во Куманово и настаните во Македонија за недела закажа вонредна седница на бирото за координирање на безбедносните сили.

Српскиот шеф на дипломатијата и претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Ивица Дачиќ најостро го осуди насилството во Македонија и во телефонскиот разговор со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски оцени дека ситуацијата во Македонија е од витална важност за стабилноста на целиот регион.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград