Косовец – џихадист во самоубиствен напад разнел 36 лица во Ирак

Од:

Косовецот Бујар Авдија припадник на Исламската држава, пред три дена се разнел при самоубиствен напад на север на Ирак, убивајќи и 36 Курди, јави „Лајм“.

– Авдија пред три дена го извршил самоубиствениот напад во ирачката провинција Салахудин, на северот од земјата, при што убил вкупно 36 курдски војници. Во јули минатата година Авдија на својот фејсбук профил му се закани на политичарот Пал Лекај, од партијата Алијанса за иднината на Косово, дека ќе му ја отсече главата поради тоа што на Фејсбук честитал Фитер(Рамазан) Бајрам, наведува Лајм.

Тој е вториот бомбаш-самоубиец што доаѓа од Косово, по Бљерим Хета од Урошевац, кој на почетокот на април минатата година, се саморазнесе во Багдад и при тоа уби 52 лица.

Весникот наведува дека Авдија бил припадник на џихадистичкото движење ИД повеќе од една година во Ирак и дека на фотографијата што ја објавува со него е и Фитим Љадровци од косовски Глоговац, кој е во затвор во Косово откако лани беше уапсен со уште тројца други под сомнение дека учествувал во организирање терористички групи во Косово.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица