Финансиска поддршка од богатите на арапските држави кои воведоа демократија

Од:

Богатите земји и меѓународни кредитори ветија дека ќе уплатат 165 милиони долари во фондот за помош на државите од Арапската пролет кои се обидуваат да воведат демократија.

Државите кои учествуваат во Партнерството Довил, чија цел е втемелување на демократијата и економските реформи во земјите како Египет и Тунис, по денешниот состанок во Токио објавија основање на нов “транзициски фонд”.

Целта на фондот е да се помогне во изградбата на економските институции и промовирање на реформите во земјите чии долгогодишни автократски режими беа соборени со побуни.

Донатори основачи се најголемите западни економии и државите богати со нафта. САД ветија 50, Велика Британија и Саудиска Арабија по 25, а Јапонија и Франција по 12 милиони долари. Вкупната финансиска помош на фондот е 165 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Египет бара формирање независна држава Палестина