Велосипедски манифестации во Скопје и Прилеп

Од:

Во рамки на кампањата за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот во организација на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) денеска ќе се одржат велосипедски манифестации во Скопје и Прилеп.

Со почеток во 12 часот во Скопје (кај Порта Македонија) ќе биде организиран велосипедски марш под мотото „Има место за сите“, со цел промовирање на велосипедизмот како култура на живеење и подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.

На настанот ќе бидат поделени повеќе видови сообраќајно едукативни материјали за промоција на велосипедизмот и подигање на јавната свест за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот.

Со почеток во 11 часот, во Прилеп кај плоштад Александрија (Камена бина) ќе се одржи масовна велосипедска манифестација под мотото „ Сите на велосипед“. Како награда за учесниците ќе бидат  поделени два велосипеди.

На настанот е најавено присуство на  претседателот на  РСБСП Стојче Стаменковски, градоначалниците на Прилеп и Кривогаштани, Марјан Ристески и Тони Заткоски,  претставници од Министерството за внатрешни работи , и останатите партнери во кампањата.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух