Лидерот на табелата и шампион МЗТ Скопје со убедлива победа над Куманово го „отвори“ осмото коло од Супер лигата. На домашен терен МЗТ Скопје славеше со 107:58 (23:18; 25:16; 27:10 и 32:14).
Кумановчани беа равноправни само до 8.минута кога и резултатот последен пат беше нерешен (18:18). Во продолжението „металците“ само ја зголемуваа предноста, а највисоката беше на крајот од натпреварот од 49 поени. Тренерот Алеш Пипан им даде поголема минутажа и на играчите од клупата. Сеад Шеховиќ со 18 поени беше најефикасен.
Утре се играат и другите два дуела: Фени Индустри – Карпош Соколи и Работнички – Кожув.
Табела: МЗТ Скопје А. 42 бода, Работнички 39, Куманово 39, Фени Индустри 36, Карпош Соколи 35, Кожув 34.