Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да освои уште еден фјучрс турнир во игра на двојки. Таа заедно со Тена Лукас од Хрватска победија на фјучрсот во Бол, Хрватска. Тие денеска во финалето ги победија Александра Перпер и Анастасија Вдовенко од Молдавија со 2:0 во сетови.
Првиот сет го освоија без загубен гем со 6:0, а во вториот беше 6:3.
Ова за Ѓорческа е вкупно 18.та турнирска победа во игра на двојки, а трета во 2015 година откако претходно годинава имаше две победи на фјучрс турнирите во Шарм Ел Шеик.