УНИЦЕФ: Околу еден милион деца во Непал нема да се вратат во училишните клупи

Од:

Околу 950 илјади деца во Непал нема да имаат можност да се вратат во училишните клупи, освен доколку не се преземат итни мерки за обезбедување на заштитени простор, каде тие ќе можат да учат, како и да се обноват училиштата, кои беа оштетени во разорниот земјотрес на 25 април, предупреди УНИЦЕФ.

Околу 24 илјади училници се оштетени или целосно разурнати во земјотресот со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала. Голем број училишта беа оштетени по вторичните потреси.

Училиштата би требало да ги отворат вратите на 15 мај, но голем број од нив нема да бидат во состојба да го сторат тоа.

– Речиси еден милион деца, кои биле запишани во училиште пред земјотресот, ќе останат надвор од училниците, поради што зградите се срамнети со земја, изјави Томо Хоцуми, претставник на УНИЦЕФ за Непал.

Тој додаде дека децата погодени од земјотресот имаат итна потребна од основни продукти, како вода за пиење и храна, но и училишни активности во вонредна ситуација, дури и во време на судири.

Во најтешко погодените области има големи оштетувања или целосно разурнување на 90 проценти од училиштата, а девет од десет училишта кои не претрпеа штета се користат како засолниште за итна евакуација и помош.

УНИЦЕФ упати меѓународен апел за собирање на 50 милиони долари за набавка на основните продукти кои им се потребни на децата и нивните семејства за следните три месеци.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви