Граѓански организации од Северна и Јужна Кореја со посредување на Кина и организации на корејанци што живеат надвор од двете поделени држави договориле во Сеул од 14 до 16 јуни во Сеул да се одбележи 15-годишнината од потпишувањето на Јунската декларација, пред 15 години, во Пјонгјанг.
Декларацијата, што ја потпишаа тогашните лидери на двете Кореји, Ким Дае-јунг и Ким Јонг-ил се сметаше за многу значаен документ што ќе донесе мир и обединување на народот на Корејанскиот полуостров..
Јунската Декларација од Пјонгјанг во пет точки предвдуваше процеси за помирување и обновување на единствена држава на сега поделениот Корејски полуостров, Од тоа што беше прогласено како историски договор не се оствари ништо, а напнатоста меѓу двете држави ескалираше и на политичко и на воено поле.
Одбележувањето на Јунската Декларациа заеднички се одржуваше до 2.008 година. Организаторите, покрај симболиката, најавија дека ќе издадат и „важно соопштение’’ поврзано со можностите за повторно обединување на двете држави на полуостровот.