Комуналец ги крпи дупките на улиците во Струмица

Од:

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ ги крпат ударните дупки по улиците во градот.

Акцијата почна со пополнувањето на дупките на булеварот „Гоце Делчев“ каде се санираа сите прокопи од изведувањето на новото улично осветлување од левата страна кон населеното место Дабиле.

Санирани се и прокопите од складот за дрва на ЈП „Македонски шуми“ подружница Струмица  до  егејското маало. Пополнети се и дупките на улиците „Младинска“, „11 септември“, „Стив Наумов“, „Герас Цунев“ и дел од „Киро Абрашев“ и „Мара Минанова“.

Од „Комуналец“  велат дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови кога  со асфалт ќе се пополнат и дупките на останатите улици во градот, а ќе се интервенира и во населените места.

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

(ВИДЕО) Јакимовски за „Алумина“: Ќе доминира зеленило, се работи за објекти како во Дубаи и Чикаго

Александар Тодески

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

Град Скопје ги враќа имињата на улиците „Ленинова“, „Железничка“, „Мексичка“…

Жарко Настоски

Ибрахим Ругова, кројачот Ангелковски и Дејвид Боуви може да добијат улици во Скопје, Градот објави листа со над 500 нови имиња

Жарко Настоски

ВИДЕО: Невреме во Скопје, улиците поплавени

Жарко Настоски