Мексиканската полиција одлободи повеќе од 100 киднапирани странски имигранти, кои биле грабнати од банда која се занимава со шверц на луѓе.
Заложниците бие ослободени од една куќа, во близината на главниот град Мексико Сити, каде поминале како заточеници пет недели.
Според мексиканските власти, најголемиот број од ослободените илегалци, се од земјите на Централна Америка, но има и државјани на Индија и Шри Ланка.
Сите планирале преку мексиканската територија, илегално да се префрлат во САД, но биле заробени од припадниците на бандата, која од нивните роднини барала паи, како откупнина за да бидат ослободени.
Во операцијата за откривање на локацијата каде се чувале киднапираните, како во нивното ослободување учествувале околу стотина детективи и полицајци.
Полицијата соопшти дека уапсила петмина шверцери на луѓе во градот Аксапуско.
Најголем број од киндпираните има од Гватемала, вкупно 33 лица и од Салвадор, 23.Од Индија имало 20 грабнати имигранти, од Хондурас 18, додека петмина биле од Шри ланка,Меѓу грабнатите илегални имигранти,имало и 14 деца.
Секоја година, илјадници имигранти илегално влегуааат во Мекиско за да се префрлат во САД.Во 2010 година, 72 имигранти беа масакрирани и потоа закопани, во сојузната мексиканска држава Тамаулипас, од припадниците на нарко-картелот Лос Зетас, затоа што роднините на киднапираните имигранти не ја платија откупнината.