Германската амбасада Скопје во денешното соопштение укажува дека информациите кои се пласираат во јавноста за наводно обештетување на македонски Роми немаат никаква основа.
Од Германската амбасада посочуваат дека преку медиумски извештаи и преку контакти со трети лица дознале дека се шираат шпекулации за одлука поврзана со обештетување на македонски Роми, која наводно е донесена од страна на Германскиот Бундестаг.
– Се шпекулирало дека соодветно барање требало да се поднесе во Германската амбасада, се додава во соопштението.
Германската амбасада укажува дека информациите кои кружат се погрешни и за нив нема никаква основа.
– Соодветна одлука од страна на германскиот Бундестаг ниту беше донесена, ниту се повикуваат лицата да поднесат соодветни барања во Германската амбасада, се наведува во соопштението.
Од Амбасадата укажуваат дека информации во врска со нови правила поврзани со обештетување секогаш се објавуваат и на веб страницата на амбасада www.skopje.diplo.de и преку соопштенија за печат.