ВИДЕО: Што крие телефонот на Младенов?

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави снимка за која рече дека е разговор, помеѓу Влатко Мијалков и засега непознато лице, го потврдува лоцирањето на телото на Младенов со следење на сигналот од мобилен телефон.

Па нели јавноста беше информирана дека не е пронјаден телефонот на Младенов?

Како е можно телото на Младенов да било пронајдено според трагањето по сигналот од неговиот мобилен телефон а тој телефонот никогаш да не биде пронајден?

Што крие телефонот на Младенов?

Да. Мистериозното исчезнување или ненаоѓање на телфонот на Младенов е првата причина за отворање на истрага за смртта на Никола Младенов, рече Заев.

3.Разговор помеѓу Влатко Мијалков и соговорник

ВМ: Повели
НН: Само ти јавувај….да знаеш
ВМ: Знам бе знам, знам, знам.
НН: Добро, сабајле Павле ми се јави уште у 9 саат, у п…у, го немаше нигде.
ВМ: Кој Павле?
НН: Стојанов.
ВМ: Па, жали ли за него, што?
НН: Не бе, жена му му се јавила, пријатели биле, ама ја барал министерката, не можел да ја најде, па ја пуштив луѓе да го лоцираме, знаеш како е, пошто никој не знаеше каде е, у 12 саат открија дека е, убиен.
ВМ: А, каде паднал он, у ендек?
НН: Кај, кај клучката Хиподром.
ВМ: Ама, многу брзо возел бе, ми кажаа мене.
НН: А, пред тоа у 10 и пол саат бил пред тоа синоќа со Стевчо Јакимовски, биле негде у град, кај биле.
ВМ: Мхм, мхм.
НН: По кажување на жена му.
ВМ: Мхм, мхм, мхм.
НН: Тоа ти е.
ВМ: А, што, не можеле да го најдат околу, никој не го видел дека се стумбал?
НН: Никој не го видел. Па жена му прашувала, ваму, таму, кај Павле, кај министерката наша, и после го лоциравме, и така.
ВМ: По телефонот го лоциравте?
НН: Да.
ВМ: Со телефонот, а?
НН: Да.
ВМ: Иначе не можеш да го најдеш, у п…у матер.
НН: Не можеш да го најдеш, у п…у матер.
ВМ: Да бе, мајку му е..м.
НН: Тоа е, Бог да го прости, шо да праиш.
ВМ: Бог да го прости, ама зол чоек беше.
НН: Знам, знам, знам.
ВМ: Е па сеа, шо да ти кажам.
НН: Знам, знам, знам.
ВМ: Што да ти кажам, не беше како што треба.
НН: Знам, знам.
ВМ: Не беше коректен чоек.
НН: Ептен знам.
ВМ: Тропаше глупости, лажеше.
НН: А и рекетар беше.
ВМ: И рекетар беше.
НН: Новинарски рекетар, тие се најопасни.
ВМ: Така. Значи, кај клучката, каде?
НН: Хиподром.
ВМ: Хиподром, а?
НН: На враќање од Петровец, не натаму, наваму, накај Скопје.
ВМ: Значи, он идел од Петровец, а?
НН: Да, од Петровец идел.
ВМ: По аутопут?
НН: Да, да, да.
ВМ: Како можел бе тука да се…?
НН: И мене не ми е јасно нешто. 30 метра летал, па на кров паднал нешто, не знам ни ја, не сум бил на лице место.
ВМ: А, он доаѓал од некаде? Од кај доаѓал, од?
НН: Од Петровец или од Велес, сега не знам од каде.
ВМ: Од Велес доаѓал и на клучката кај што се врти за Скопје?
НН: Да, лево, знаеш она полулево што е, знаеш, кај кружниот тек што е патот.
ВМ: Мхм.
НН: И тука летал 30 метра.
ВМ: Па може он доживеал и удар бе.
НН: Па, не знам, не знам, не знам.
ВМ: Знаеш, изгубил контрола и отишол.
НН: И бил психолошко-финансиски оптоварен.
ВМ: Да?
НН: Да. По кажување на Павле.
ВМ: Добро брат, да си жив и здрав.
НН: Е така. Ајде.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски