Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска го отвори првиот Виз Ер Скопје маратон експо, каде учесниците на 11. Виз Ер Скопски маратон може да ги подигаат и стартните пакети.
Посетителите на саемот можат да се запознаат со маратонското трчање, да се информираат за организирањето на познати европски маратони и да ги погледнат штандовите на кои се нудат популарни брендови на здрава храна, пијалоци и спортски реквизити.
– Градот Скопје и годинава ќе биде домаќин на познати маратонци, полумаратонци и рекреативци, кои ќе трчаат за промоција на оваа најтешка атлетска дисциплина и за промоција на спортот и здравите животни навики, истакна Трајановски.
Тој ги повика граѓаните да излезат на улиците да навиваат и да ги бодрат маратонците.
Саемот, според директорот на Скопскиот маратон Кире Синадиновски, е предвесник дека на 10 мај ќе имаме еден од најдобро организираните и најпосетените маратони во Скопје.
Извршниот директор на Скопски саем Даниела Глигоровска смета дека смета дека Виз Ер Скопје маратон експо ќе биде уникатен и привлечен настан, синоним за одлична забава, промовирање на здравиот живот и спортскиот дух, но и поддршка на најхрабрите кои своето место ќе го најдат во првите редови на годинашниот Скопски маратон.
На 11. издание на Виз Ер Скоспкиот маратон, што ќе се одржи в недела на 10 мај пријавени се над 7.000 учесници.