Со победата од 2-1 во сетови остварена ноќеска над Филип Колшрајбер (Германија), Британецот Енди Мареј обезбеди осминафинале на АТП турнирот во Мадрид.
Мареј го доби првиот сет со 6:4, германскиот тенисер во вториот сет возврати со 6:3, а во решавачкиот трети сет, британскиот тенисер беше убедлив не дозволувајќи му на противникот да освои гем (6:0).
Осминафиналните мечеви на прогрмата се денеска почнувајќи од 13 часот па се до 21:30 часот за кога е закажан последниот дуел од оваа фаза.