Група венецуелски офицери беа осудени на затвор за заговор за државен преврат, кој предвидувал предизвикување на експлозија в опретседателската палата, изјави министерот за одбрана генерал Владимир Падрино Лопес.
Осуммина офицери беа прогласени за виновни за улогата што ја имале во планираниот пуч. Тие добија пресуди меѓу пет и осум години затвор.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро објави во февруари дека пензиониран генерал е уапсен и оти заедно со уште 13 лица се затворени поради заговор за уривање на социјалистичкиот режим.