Во 12 сообраќајки во Скопје, тројца повредени

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Од нив, девет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на товарно моторно возило, еден пешак и еден велосипедист.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, 10 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 40 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска официјално нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Четворица повредени во сообраќајка во Гостивар

Горан Наумовски

Во судар на три возила кај Пожаревац: Има загинати

Горан Наумовски

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Петмина повредени во сообраќајка на три возила близу Кичево

Тешка сообраќајка кај Зеница: Се судрија автобус и камион, загина возач

Горан Наумовски