Во кошаркарското првенство на Македонија, односно Супер лигата, вечерва се одиграа натпреварите од 7.коло.
Екипата Фени Индустри по трет пат сезонава го победи актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром. На средбата одиграна во Кавадарци, кошаркарите на Фени Индустри славеа победа со 73:69. Со оваа победа кавадарчани ги сочуваа шансите за пласман во плејофот.
Во иста ситуација е и екипата на Куманово која во Гевгелија го победи Кожув со 86:84.
Работнички како гостин славеше над Карпош Соколи со 81:73.
На три кола до крајот на Супер лигата, само МЗТ Скопје Аеродром и Работнички досега го имаат обезбедено својот настап во плејофот, односно разигрувањето за шампионскиот трофеј
Табела: МЗТ Скопје А. 40 бодови, Работнички 39, Куманово 38, Фени Индустри 36, Карпош Соколи 35 и Кожув 34.