Најмалку 80 лица, во најголем дел цивили, се убиени во борби меѓу бунтовници хути и локални приврзаници на претседателот Абд Рабу Мансоур Хади во јеменскиот пристанишен град Аден, јавуваат хуманитарни активисти и лекари.
Меѓу жртвите се и најмалку 40 јеменски цивили кои се обиделе да избегаат пред вчерашните тешки борби во Аден, а борците хути пукале врз нивниот брод, тврдат хуманитарни активисти. На бродот имало околу 50 лица, кои сакале од предградието Ал Тавахи да стигнат на безбедно во Ал Бурака.
Локалните жители и хуманитарни активисти тврдат дека уште 40 лица, меѓу кои и еден висок воен офицер се убиени во борбите во текот на ноќта во други квартови на Аден, а меѓу загинатите има и 30 борци Хути и 10 локални припадници на вооружените сили.
Според локалното население меѓу жртвите во борбите во текот на ноќта се наоѓа и генералот Али Нашер Хади. Претседателот Хади на негово место го именува генералот Саиф ал Бакри.
Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија на 26 март започна воени напади врз бунтовници хути. Според проценките на ОН околу 20 милиони луѓе или 80 проценти од населението во Јемен е загрозени од глад, пренесува индекс.хр.