ВИДЕО: Ескалација на протестот, полицијата ги истурка демонстрантите од пред Влада

Од:

Протестот пред Влада ескалираше откако полицијата ги истурка демонстрантите од дворот на објектот и ги врати назад на улица. Во неколку наврати опремените специјалци ги поттиснаа незадоволните граѓани кои не престануваа да скандираат и да фрлаат со предмети кон Владата. Граѓаните се најдоа пак на улица откако кордон на специјалци го зазедоа редот на линија на знамињата.

Граѓаните се исплашија и почнаа да бегаат кога беа донесени два водени топа од страната која води кон мостот „Гоце Делчев“.

И покрај тоа револтот на демонстрантите не стивна туку напротив се зголеми.

Граѓаните извикуваа „Убијци! Убијци!“ и фрлаа со шишиња полни вода кон полицијата.

Би можело да ве интересира

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците