Насобраните граѓани пред Владата ја интонираа химната на Македонија за време на масовните демонстрации предизвикани од прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата во врска со убиството на Мартин Нешковски.
Илјадници граѓани протестираа пред Владата барајќи оставки.
Масата на луѓе ги скандираше паролите „Кого газите?“ и „Убиец – Владата“.
Премиерот на државата го нарекуваа „малото диктаторче“ и прашуваа „Кај ви е началникот?“