Неколку стотини граѓани се собраа денеска на протести пред владата по објавувањето на прислушувани разговори за убиството на Мартин Нешковски од таканаречената 29 бомба на опозицијата.
Демонстрантите се пред вратата на владата, а се повеќе луѓе влегуваат во дворот на владата, која ја брани кордон од специјалци.
Инцидентот беше предизвикан откако 4-5 полицајци се нафрлија врз братот на Мартин Нешковски, Александар, кој сакаше да ја одбрани неговата мајка која беше спречена од полицијата да влезе во Владата и да остави писмо.
Демонстрантите извикуваат „Убијци, убијци“, а доаѓаат и уште луѓе.
На протестот е присутно целото семејство на убиениот Мартин Нешковски.