Иран нема да дозволи коалицијата предводена од Саудиска Арабија да го опколи Јемен, изјави денеска заменикот министер за надворешни работи за арапски и африкански прашања Хосеин Амир Абдолахиан.
– Ние ќе продолжиме да доставуваме хуманитарна помош на Јемен и никогаш нема да дозволиме опсада на земјата, изјави Амир Абдолахиан, додавајќи дека безбедноста на регионот и Иран е преплетена со безбедноста на Јемен.
Амир Абдолахиан ги обвини саудиските разузнавачки агенции за поврзаност со тероризам во Јемен, нагласувајќи дека саудиските напади на Јемен и врските со терористите ја загрозуваат безбедноста на останатите земји во регионот.
Јемен од март е арена на жестоки борби меѓу шиитската група Хути и племенски милиции лојални на претседателот Абд Рабу Мансоур Хади.