Македонските тенисери денеска имаа настапи во првото коло на фјучрс турнирите. Лина Ѓорческа оствари победа, додека Томислав Јотовски претрпе пораз.
На фјучрсот во Бол, Хрватска, Ѓорческа (2.носител) со 6:0 и 6:3 ја победи Анастасија Вдовенко од Молдавија.
Трите гема Вдовенко ги освои на сервис на Ѓорческа, додека нашата тенисерка имаше седум брејка.
Јотовски (6.носител) беше изненаден од Британецот Нил Пауфли и загуби со 2:1 во сетови (7:6; 4:6 и 2:6).
Во решавачкиот сет Пауфли предноста ја направи откако успеа да ги одземе првите гема на сервис на Јотовски.
Попладнево и Ѓорческа и Јотовски ќе ги играат и мечевите од првото коло во игра на двојки.