Дајана е убиена во возилото на итна помош“, гласи насловната страна на американскиот таблоид „Глоуб“ кој во својот нов број тврди дека поседуваат докази за смртта на британската принцеза.
Иако поминаа 15 години од смртта на Лејди Ди, сеуште се вртат разни гласини за завера против поранешната сопруга на принцот Чарлс, во кои обично секогаш е вклучена и приказната за вмешаноста на кралското семејство и на тајната служба.
Последната приказна ја лансираше магазинот „Глоуб“ во кој се тврди дека принцезата е ликвидирана во возилото за итна помош додека ја превезувале во болница.
Магазинот ја негира официјалната верзија според која Дајана и нејзиниот партнер Доди Ал Фајед не биле врзани со сигурносните појаси во моментот кога се случила сообраќјната незгода. Магазинот наведедува дека принцезата го преживеала сударот во парискиот тунел, но дека е подоцна убиена во амбулантното возило.
„Глоуб“ тврди дека има докази кои ја потврдуваат тезата за убиството и со кои еднаш засекогаш ќе се реши мистеријата за смртта на Дајана.