Астрономите откриле планета двојно поголема од Земјата, којашто главно е составена од дијаманти, а се наоѓа во орбитата околу ѕвезда видлива со голо око.
Планетата наречена „55 Cancri” e кружи околу ѕвездата во соѕвездието Рак, а се движи толку брзо што нејзината година трае само 18 часа, објави француско-американскиот тим астрономи кој го откри нејзиното постоење.
Радиусот на планетата е двојно поголем од оној на Земјата, меѓутоа е значително погуст, па неговата маса е осум пати поголема од земјината. Неверојатно е топла, а температурата на нејзината површина достигнува 1.648 Целзиусови степени.
„Наместо со вода и граните, површината на таа планета веројатно е прекриена со дијамант и графит”, изјави за Reuters Нику Мадхусудхан, научник од Универзитетот Јејл чијашто студија за планетата „55 Cancri e” наскоро ќе биде објавена во специјализираниот магазин Astrophysical Journal Letters.
Во студијата на којашто работел заедно со колегата Оливие Мусис од Институтот за астрофизика и планетологија од францускиот град Тулуз, се проценува дека најмалку третина од масата на оваа планета, што е еквивалент на тројно поголема маса од масата на Земјата, може да ја сочинуваат дијаманти.
Дијамантски планети беа откривани и во минатото, но ова е првпат дека една е откриена во орбита околу ѕвезда слична на Сонцето и така детално проучувана.